Стотина книги од изданието „Коментар на Законот за стечај“ од авторите проф. д-р Благоја Брајановски, проф д-р Тито Беличанец и проф. д-р Александар Николовски вчера, 09.06.2016, од страна на проф. д-р Брајановски беа донирани за збогатување на библиотечниот фонд на Адвокатската комора на РМ (АКРМ).
За проф. д-р Брајановски, како што рече, голема чест и задоволство е што книгите ги подарува токму на Адвокатската комора на РМ, со оглед дека се работи за материја која адвокатите секојдневно ја применуваат.