Упатство за користење на софтверот „Адвокато“

13 Септември 2016

Адвокатите кои уредно си ја подмириле членарината можат да се регистрираат на софтверот за работење на адвокатските канцеларии и друштва Аdvokato.mk“.

ШТО ПРЕТСТАВУВА „АДВОКАТО“?

„АДВОКАТО“ претставува интегрирано софтверско решение со кое би се олеснила и модернизирала работата на адвокатите. Апликацијата е веб базирано решение со цел пристапот до истата да биде полесен и достапен за корисниците било каде и било кога (доколку имаат интернет).

Предностите од користењето на апликацијата:

- Корисниците имаат централизиран систем каде се складираат сите податоци или документи поврзани со работата на нивното адвокатско биро, на сервери со ISO сертификат, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации.
- Заштеда на време, брз пристап до податоците и работата на истите.
- Мултиплатформско решение. Може да се користи на компјутер, таблет и смартфон со едноставен и лесен кориснички интерфејс.
- Адвокатски роковник. Интегриран календар со известувања за сите ваши активности (рочишта, состаноци, задачи) и можност за автоматско потсетување преку апликацијата.

Функционалности на аппликацијата:
1. Персонализација на групи и области на предмети,услуги,документи
2. Менаџирање со вработени, пристапи и привилегии
3. База на сите контакти поврзани со предмети и услуги
4. Управување со судски предмети, рочишта и документи
5. Управување со адвокатски услуги и документи
6. Адвокатски роковник за состаноци, задачи и рочишта
7. Интегриран систем за потсетувања за активности
8. Брз пристап до предефинирани темплејти според типови на документи 9. Именик на сите регистрирани адвокати, нотари, извршители, судови,институции во Р.Македонија
10. Наплата, фактурање, трошоци и извештаи
11. Табеларни и визуелни извештаи 

>> Упатството за користење на „Адвокато“ преземете го од линкот подолу.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме