Print this page

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРСКАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА КОМОРСКА ЧЛЕНАРИНА ЗА 2017 ГОДИНА

20 Март 2017

Се известуваат адвокатите дека заклучно со 31 март се должни да си ја подмират обврската за плаќање коморска членарина за 2017 година.

Висината на коморската членарина, со одлука на Управниот одбор на Адвокатската комора донесена на 31.01.17 и објавена во Службен весник на РМ бр. 13 од 8.02.17, за 2017 година изнесува 6000,00 денари.

Во согласност со Законот за адвокатура, адвокатот е должен редовно да и уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора на Република Македонија од денот на упис во Именикот на адвокатите. Апелираме до адвокатите кои имаат неплатени обврски на име коморска членарина истите да си ги подмират во најбрз можен рок. Во спротивно,  Адвокатската комора ќе поведе постапки за одземање на лиценците на оние колеги кои не уплатиле коморска членарина.

Доколку Ви се потребни повеќе податоци и информации во однос на неплатени обврски на име членарина, обратете се до стручната служба на Адвокатска комора на РМ на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во прилог на ова известување, со цел навремено да ја исполните Вашата обрска,  во рамки на линкот подолу можете да најдете и примерок на уплатница за коморска членарина за 2017 година.

НАПОМЕНА: При пополнување на уплатницата во делот повикување на број, задолжително да го наведете бројот на Вашата адвокатска лиценца.