Print this page

Продолжуваат обуките од областа на форензиката во организација на Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ

20 Март 2017

Адвокатската комора на РМ во соработка со Здружението на јавните обвинители на РМ продолжува со реализација на обуки од областа на форензиката.

Предавач на обуките е доц. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења.

Целта на обуката е адвокатите и јавнообвинителските службеници  да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници на една обука е ограничен и тие ќе ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

>> Огромен интерес на првата обука од областа на на форензинката во организација на Адвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ