Print this page

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува нападот врз нејзин член

19 Април 2017

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува нападoт врз нејзин член кој вчера, 18.04.2017, се случи во адвокатска канцеларија во Тетово.

Адвокатите ги штитат правата на граѓаните во рамките на законските можности и во ситуација кога, евентуално, клиентот е незадоволен од правната помош тоа треба да биде предмет на законска процедура пред дисциплинските органи на Адвокатската комора на Република Македонија. Овој настан мора да претставува предупредување за пружање на целосна заштита на безбедноста на адвокатите во секој момент кога тоа ќе биде потребно, побарано или ќе постојат индиции дека е потребно.


Со почит, 

Адвокатска комора на Република Македонија