ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2017

24 Октомври 2017

Адвокатската комора на РМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2017.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, пикадо, влечење јаже, пливање и други.

Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат во периодот од 4-5 ноември 2017 година (сабота и недела), во хотелот „Изгрев“ во Струга. Започнување со спортскиот дел е предвидено во сабота (4 ноември) во со почеток во 10, 00 часот во спортско-рекреативниот центар „Тими“ во Струга.

Учесниците плаќаат котизација во висина од 2.000 денари за едно ноќевање, додека за две ноќевања (за учесниците кои би пристигнале во петок - 3 ноември) котизацијата изнесува 4.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби.  Остатокот од вкупната цена  која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го покрива Адвокатската комора на Република Македонија.

Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме