ЕВРОПСКИ ДЕН НА АДВОКАТУРАТА

25 Октомври 2017
Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (CCBE), каде и Адвокатската комора на Република Македонија е членка, денеска го прославува Европскиот ден на адвокатурата. 

Европскиот ден на адвокатурата го слави владеењето на правото и придонесот на оваа професија во правниот систем, како и заедничките вредности на адвокатите.

За првпат, Европскиот ден на адвокатурата се одржа во 2014 година и оттогаш се прославува секоја година околу 25-ти октомври. Нстанот има за цел да ја доближи правдата до граѓаните, да ги информира за нивните права, да ја промовира работата на Советот на Европа и на Европската комисија во областа на правдата преку симулација на постапки и информативни сесии.

Централна тема на настанот годинава е „Како дигиталната трансформација може да ја подобри врската помеѓу граѓанинот и адвокатот“. Темата има за цел да ги запознае граѓаните со новите технологии достапни за правната професија и нивното позитивно влијание врз развојот на односите помеѓу правниците и граѓаните, како и да се истражи како дигиталните иновации можат да ја направат правната професија подостапна.



Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме