Во Струга одржани Адвокатските спортски игри 2017

06 Ноември 2017

Викендов во Струга се одржаа овогодинешните, единаесетти по ред, Адвокатски спортски игри. Адвокатските екипи од различните апелациони подрачја во име на традицијата и спортската култура, се натпреваруваа во различни спортски дисциплини.



Во дисциплината кошарка - жени, победник беше тимот од Апелационото подрачје Скопје. Адвокатките од Скопје исто така беа победници и во дисциплините пикадо и понг понг.


Во дисциплината фудбал - мажи, победник беше тимот од Охрид и Струга, како претставник од апелационото подрачје Битола. Адвокатите од Апелационото подрачје Битола победија и во дисциплината шах.

Машкиот тим од Гостивар беше победник во категоријата пинг понг и фудбал,  а од овој тим беше прогласен и најкорисниот играч на игрите – адвокатот Ибраим Бајрами. За најфер играч беше прогласен Димитар Петровски, адвокат од Скопје.

При доделувањето на трофеите  на најдобрите екипи и поединци, претседателот на Адвокатската комора на на Република Македонија, Никола Додевски истакна дека спортските игри ги сплотуваат адвокатите, кои како во спортот што се покажале солидарни, борбени и фер, така треба и во професијата.

 

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме