Print this page

АДВОКАТИТЕ СО СВОИ КОМЕНТАРИ НА „ЕНЕР“ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДИСКУСИЈАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ

27 Ноември 2017
Останаа само уште 5 дена за коментирање на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријат објавен веб страницата „ЕНЕР“  (КЛИКНИ ТУКА). 

Измените на Законот за нотаријат се иницирани од Стопанската комора на РМ, а Адвокатската комора на РМ преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот нотаријатот  оформена од министерот за правда ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите и задржување на постоечките решенија од Законот за нотаријат или либерализација нотаријатот.

Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и сите алтернативи и своите коментари и јасни ставови директно да ги внесат на веб страницата на „ЕНЕР“ (КЛИКНИ ТУКА).

>> ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ СО СИТЕ АЛТЕРНАТИВИ ОБЈАВЕН НА „ЕНЕР“,  МОЖЕТЕ ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ И ОД ЛИНКОТ ПОДОЛУ.