Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2018 година

01 Јуни 2018

Академик.мк ја објави најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 30 јуни 2018 година стапуваат во примена одредби од Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/2016).

На 30 јуни 2018 година престануваат да важат одредби од Правилник за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2010 и 38/2012).

Табеларен преглед на листата со прописи

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме