Print this page

СООПШТЕНИЕ ОД АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РСМ

19 Март 2020

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека во изминатите денови, Адвокатската комора на РСМ почитувајќи ги препораките донесени од Владата и надлежните институции, препорача на своите членови доследно почитување на мерките за справување со Covid-19 (корона вирус).

Членовите на Управниот одбор на АКРСМ навремено, од почетокот на кризата се во постојана комуникација, и со своите барања и дејствувања прават напори да придонесат кон заштита на адвокатурата како дејност, како и заштита на граѓаните, стопанството и на целиот правен систем. 

По однос на економските мерки кои ги носи Владата на РСМ, Комората одржа повеќе консултации со даночни и консалтинг експерти и компании, како и со надлежни институции во однос на поднесување на барање со разумни, стручни и одржливи мерки со цел олеснување на работата на адвокатите во критичниот период.

Исто така, Ве известуваме дека во изминатиот период до Комората се доставени само два дописи со конкретни предлози за економски мерки кои би биле доставени до Владата, и тоа од Адвокатско друштво Поповски и партнери, и Адвокат Иван Брешковски. Покрај овие предлози,  добиен е и меил од Адвокатско друштво Трпеноски, назначен како Иницијатива, кој освен голи фрази и пароли, нема никакви конкретни предлози за надминување, односно ублажување на економските последици од кризата.

Согласно горенаведеното, потенцираме дека не е време за лажна загриженост,  популизам и саморекламирање, со оглед дека ја вршиме дејноста во кризно време не знаејќи до кога кризата ќе трае.

Претстојат тешки моменти и како никогаш досега потребни се солидарност и единство. Адвокатурата како јавна служба е таа која мора да стори сè со цел да им помогне на сите граѓани, институции и државата во целост.

Дополнително, Ве информираме дека за тековните активности на Комората сте редовно исвестувани и во иднина ќе бидете известувани преку веб страната на Комората или поединечно.  Секој адвокат кој сака да даде свој придонес, може истото да го стори преку доставување на свои конкретни предлози на меилот на Комората Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 

 Со почит,

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ, АДВОКАТ

 

>> ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА СПРАВУВАЊЕ СО COVID-19