Print this page

Потпишан Меморандум за соработка со СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“

20 Ноември 2023
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски и директорката на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Тања Јовановска  согласно заедничките за­ложби квалитетен и модерен образовен систем  потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот предвидува олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката соработка, како и соработка во повеќе полиња од заеднички интерес.

На основа на Меморандумот, ученици од училиштето веќе посетуваат практична настава во Комората, каде имаат можност да се запознаат со основите на работењето на Адвокатската комора.