Print this page
-->

Пријавете се на обука во врска со криумчарење мигранти

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации (UNDOC), Оддел за организиран криминал и недозволена трговија со луѓе, организира обука посветена на темата крумчарење мигранти.

Обуката е предвидено да се одржи во период од 19-20 јуни во хотел во Скопје (точната локација дополнително ќе биде утврдена).

Излагачи на Советувањето ќе бидат г. Даниел Ивановски, адвокат, г. Гоце Бачанов помошник на Министерот за внатрешни работи на РМ и претставник во Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, г-ѓа Сузана Кузмановска јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, м-р Ненад Савески, судија на Основен суд Скопје 1 и г-ѓа Стојна А. Димишковска, менаџер за превенција и едукација во Отворена порта - Ла Страда.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..