АДВОКАТСКА КОМОРА: Новиот Закон за нотаријат исправа историската неправда кон адвокатурата

 

Од Адвокатска комора на РМ посочуваат дека со новите одредби се придонесува кон владеењето на правото и повисок степен на заштита на граѓаните.

Адвокатска комора на Република Македонија смета дека со усвојувањето на Предлог-законот за нотаријат од Парламентот е исправена историската неправда кон адвокатурата и по цели 18 години предметот на работа им се враќа на адвокатите.

Со новиот Закон за нотаријат, како што појаснуваат во соопштението од Адвокатската комора, се укинува нотарски акт кој им беше наметнат на граѓаните како задолжителен за повеќе правни состојби и со години беше начин за преземање на работата на адвокатите.

„Отсега правните работи ќе бидат изготвувани како приватни исправи од страна на адвокатите, а потврдувани од нотарите, што ќе придонесе за намалување на трошоците за граѓаните, а истовремено ќе се елиминираат и појавите на неовластено изготвување на правни акти“, додаваат од Комората.

Новото законско решение предвидува присуство на адвокатите и задолжителен адвокатски печат во постапки кои се од суштинско значење за граѓаните, за идентични трошоци кои се предвидуваат и кои се наплатуваат само за нотарска услуга.

„Во овој контекст: приватната исправа задолжително треба да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, договорот за продажба и преддоговорот за продажба со вредност на предметот на продажба над 10.000 евра во денарска противвредност задолжително треба да го состави адвокат и задолжително да содржи адвокатски печат и потпис, платните налози освен сметките со помала вредност за комунални услуги, предлозите и жалбите при постапките за платните налози задолжително ги составува адвокат и содржат адвокатски печат, при расправањето на оставината задолжително е присуство на адвокат во својство на полномошник за секој од учесниците“, се додава во соопштението.

Од Адвокатска комора на РМ посочуваат дека учеството на адвокатите во својство на заштитници на правата на граѓаните за идентични трошоци во овие постапки е само придонес кон владеењето на правото и повисок степен на заштита на граѓаните.

Извор: Телеграф / Објавено: 05.04.2016

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме