Џанго: Адвокатите да не се поврзуваат со политиката


 Извор: Тeлма / Објавено: 06.05.2018

Некогашниот министер за внатрешни работи и ексдиректор на Царинската управа, Љубомир Михајловски Џанго во наредните четири години ќе раководи со Адвокатската комора на Македонија...

Некогашниот министер за внатрешни работи и ексдиректор на Царинската управа, Љубомир Михајловски Џанго во наредните четири години ќе раководи со Адвокатската комора на Македонија. На маратонското собрание во Струга што траеше до 1 часот по полноќ, новиот 17-член Управен одбор кој го изгласаа присутните 219 делегати, акламативно го избра Михајловски за нов претседател. Тој најави активна улога на адвокатите во општествените процеси, заштита и унапредување на професијата и економско јакнење на комората.

Приоритет ќе биде остручувањето на адвокатите, да дадат голем придонес во реализиција на новите рефорски закони кои се носат. Имем стручна фела која може да придонесе за тоа и да помогне на владата и на државата, изјави Михајловски. 

Михајловски на чело на комората ќе го наследи Никола Додевски, кој ја извршуваше претседателската функција 5,5 години, а на јавноста и беше познат и како бранител на поранешниот премиер Груевски во случаите на СЈО до минатата година. Адвокатите се професионалци кои имаат разни странки, но поради тоа не треба да се поврзуваат со политиката, смета Михајловски.

– Комората не смее да потпадне под влијание на политиката, таа е независна институција чија независност е гарантирана со Уставот. Имаме многу случаи каде еден адвокат брани одредени странки киишто го инволвираат во политика, но неосновано го инвлолвираат затоа што кај нас народот е склон да ете така според клиентите ги цени адвокатите, рече Михаловски.

Михајловски очекува неговите колеги да имаат активна улога во подобрување на работата на адвокатската комора која брои 2800 активни членови, а една од главните заложби останува враќањето на доверба во професијата. На редовното годишно собрание во Струга на кое беше одбележана 73-годишнината од постоењето, Адвокатската комора за заменици на Михајловски ги избра Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме