Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна arrow Новости
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Новости
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ФИСКАЛИЗАЦИЈА НА АДВОКАТИТЕ Испечати Е-пошта

Согласно надлежностите на Министерството за правда, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, извршена е фискализација на нотарите и извршителите.

Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.

> > >
 
ЗАКОН ЗА АДВОКАТСКА МАРКИЧКА Испечати Е-пошта
Согласно заклучокот донесен на седница на Владата на РМ, како одговор на едно од барањата на адвокатите, Министерството за финансии во соработка со Министерството за правда е задолжено во рок од 30 дена да изготви Закон за адвокатска маркичка.

Со воведување на адвокатската маркичка ќе се реши прашањето на фискализација на адвокатите, како и прашањето за персонален данок.

Со цел да придонесе за поквалитетна содржина на Законот за адвокатска маркичка АКРМ веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска маркичка, која ја достави до УЈП и до Министерството за финансии. АКРМ има одлична соработка со УЈП и директорот Г-дин Горан Трајковски, и со свои претставници во мешовитата комисија работи на изготвување на законот.

Врз основа на работниот текст на Законот за адвокатска маркичка изготвен од страна на АКРМ, Министерството за финансии веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска макркичка, кој беше доставен до сите претседатели на адвокатските заедници во Република Македонија, со покана до сите членови на Адвокатската комора на РМ да достават до АКРМ свои предлози и мислења за оваа работна верзија на Законот, изработена од страна на Министерството на финансии.
 
АДВОКАТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ НА ЕДНА ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА Испечати Е-пошта

По интензивните преговори со претставници на Владата на Република Македонија како и претставници на надлежните министерства, при кои АКРМ инсистираше на изземање на адвокатите од плаќањето на придонеси на основица утврдена на износ од две просечни бруто плати, поради коализија на член 14 и член 4 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со член 53 од Уставот на Република Македонија и член 2 од Законот за адвокатура, според кои адвокатите даваат правна помош, а не услуги, Владата на Република Македонија донесе одлука за измена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со која, минимална основица за плаќање на придонесите е утврдена на износ од една просечна плата. Истата измена е доставена до Собранието на РМ и ќе биде на дневниот ред на првите седници после изборите.

Адвокатската комора на Република Македонија ја поздравува ваквата одлука на Владата на РМ, која веднаш одговори на барањата на адвокатите.

 
ОБУКИ ПО МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА ЗА АДВОКАТИ Испечати Е-пошта

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2009. година организира обуки по малолетничка правда за адвокати. Обуките се поддржани од Адвокатската комора на Република Македонија и се во согласност со одредбите на новиот Закон за малолетничка правда.

Обуките содржат предавања од домашни и странски експерти и се состојат од дводневен основен и дводневен напреден курс. На напредниот курс можат да учествуваат само оние кандидати кои го поминале основниот курс.   

Обуките се бесплатни.

Со завршената обука добивате сертификат од ОБСЕ и Адвокатската Комора и се стекнувате со право да застапувате малолетници во согласност со Законот, како и право на учество на наредни обуки. Само адвокатите кои ќе поминат соодветна обука имаат право да застапуваат малолетници.

Право на учество имаат сите адвокати кои ќе се пријават на:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или на телефоните: 02 / 3165 409 ; 02 / 3212 452.

Пријавувањето трае до 10. мај 2009.
Бројот на местата е ограничен.
Изборот на учесници ќе се врши по принципот „прв пријавен – прв услужен“.

 
ИЗУЧУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА АДВОКАТИ Испечати Е-пошта
Адвокатската комора на Република Македонија со цел натамошно успешно реализирање на својата Програма за континуирана едукација на адвокатите, а имајќи ја во предвид се поголемата потреба од познавање на странски јазик во секојдневното работење на адвокатите, донесе Одлука за овозможување на учење на странски јазици на адвокатите. Со Одлуката е предвидено изучување на англиски и француски јазик.

Согласно истата, претседателите на сите Адвокатски заедници беа задолжени да соберат по 3 понуди од Центрите за странски јазици, по што би се направил соодветен избор на понуда која е најповолна и нуди најдобри услови за адвокатите. За таа цел сите заитересирани адвокати кои би сакале да изучуваат странски јазик, потребно е задолжително да се пријават кај претседателите на Адвокатските заедници или во Адвокатска комора на Република Македонија на тел. 02 / 3212 452 или 02 / 3165 409

 
СЕМИНАР НА ТЕМА ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ Испечати Е-пошта

Во континуитет на програмата за континуирана едукација на своите членови, Адвокатската комора на Република Македонија во деновите 7 и 8 декември 2007 година, во просториите на хотел Климетица во Охрид, одржа семинар на тема Закон за спречување на перење пари. Темата на семинарот како и учеството на голем број на експерти привлече големо внимание и предизвика богата дискусија помеѓу присутните учесници.

Семинарот го отвори претседателот на Комисијата за едукација при АКРМ Г-ѓа Дивна Павлоска, која ги поздрави присутните гости и учесници на семинарот. Првиот ден на семинарот со свои излагања земаа учество Г-дин Миодраг Лабовиќ, Директор на Финансиска полиција со излагање на тема “Организиран финансиски криминал” и Г-дин Марјан Поњавиќ, Раководител на Одделение при Дирекцијата за пречување на перење пари, кој направи осврт на “Перењето пари како феномени обврски кои произлегуваат од домашното законодавство”. Вториот ден го отвори Г-дин Драган Тумановски, Претседател на Здружението на судии на Република Македонија со свое излагање на тема “Перење пари - теории, пракса и судски дилеми”, и Г-ѓа Вилма Рускоска, од Специјалното Одделение за спречување на организиран криминал при Јавното Обвинителство на Република Македонија која се осврна на “Практичната примена на Законот за спречување на перење пари во работата на обвинителството и судовите”.

> > >
 
ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ АДВОКАТСКИ КРЕАЦИИ и НОВОГОДИШЕН КОКТЕЛ Испечати Е-пошта

ImageНа ден 21 декември 2007 година, петок во просториите на Драмскиот Театар во Скопје, Адвокатската комора на Република Македонија, повторно во духот на една убава традиција, ја одржа манифестацијата Адвокатски креации и новогодишен коктел.

Во присуство на голем број      на гости од дипломатските претставништва во Република Македонија, Владата на РМ, Собранието, Министерството за правда, Министерството за култура, судовите, обвинителството, како и претставници од други институции и организации во државата, манифестацијата свечено ја отвори и ги поздрави сите присутни претседателот на Управниот Одбор на Адвокатска комора на РМ, Г-дин Ненад Јаниќевиќ. Присутните имаа можност да ги слушнат авторите Димитар Аргакиев, адвокат од Скопје и Зоран Петковиќ, адвокат од Скопје, кои се претставија со поезија и проза. 

> > >
 
АДВОКАТИТЕ СО ТОГИ ВО СУДНИЦА Испечати Е-пошта

ImageОд вчера адвокатите законски се обврзани да ја носат адвокатската тога. Адвокатите ќе треба задолжително да влегуваат во тога во судница, како во кривичните така и во граѓанските и стопанските спорови.

Вчера пред двата најголеми суда во Македонија - Скопска единица и двојка, на судење адвокатите доаѓаа со тоги. Имаше и такви без униформа, кои како што ни изјавуваа, имале уплатено за неа, но немало соодветно бројче, па чекаат да им се сошие и да се однесе во Адвокатската комора, од каде што тие си ги подигаат.

За разлика од црните тоги кои ги носат судиите на рочишта, адвокатските се со темноцрвена боја. На нив со златен конец е извезен грбот - амблемот на Адвокатската комора на Македонија.

Една тога чини 2.700 денари и адвокатите сами си ги купуваат.

Без униформа на судењата останува само страната што гони - обвинителите. Вчера обвинителите, со кои разговаравме пред суд, негодуваа дека на судењата само тие ќе стрчат во цивилки.

 

> > >
 
НАСКОРО СПОРТСКИ ИГРИ Испечати Е-пошта

Адвокатската комора на Република Македонија повторно организира спортски игри кои ќе се одржат во периодот од 9 - 11 ноември 2007 година, во мотел Истатов,  Нов Дојран, со цел продолжување на оваа манифестација и нејзино прераснување во традиција која сите со нетрпение ќе ја очекуваат.

Во моментов е во тек формирање на спортски екипи кои ќе се натпреваруваат во машки дисциплини фудбал, кошарка, пинг понг; и женски дисциплини одбојка, пинг-понг, шах, пикадо, влечење јаже и др. На адвокатските спортски игри е предвидено да земат учество 120 адвокати, односно ќе се формираат 4 екипа согласно припадноста на апелационите подрачја, такашто секоја екипа да брои по 30 учесници.

> > >
 
СЕМИНАР НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ДНК Испечати Е-пошта

Адвокатската комора на Република Македонија со цел натамошно успешно реализирање на програмата на континуирана едукација на адвокатите, во деновите 14 и 15 септември 2007 година во хотел ,, Славија Спектар,, во Охрид одржа семинар на тема Адвокатска маркичка и адвокатска тарифа.

Image

Модератор на семинарот за кој постоеше голем интерес беше Г-ѓа Дивна Павлоска, заменик претседател на УО и претседател на Комисијата за едукација при Адвокатска комора на РМ, а присутните учесници како и гостите од Адвокатска комора на Ниш ги поздравија Претседателот на Управниот Одбор  на  АКРМ, Г-дин  Ненад  Јаниќевиќ  и      Проф. Др. Денис Фарингтон, Продекан за за истражување при СЕЕ Универзитетот во Тетово...

> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 12
Advertisement

Прирачник за примена на мерката притвор

Прирачник за примена на мерката притвор