Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна arrow Новости
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Новости
Адвокати – Kористете адвокатски маркички од 1 јануари 2013 Испечати Е-пошта

Од 1 јануари 2013 година, адвокатите кои остваруваат приходи во готово должни се кон секоја исправа или поднесок да приложат адвокатски маркички.
Адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во „Службен весник на РМ“.
При плаќање на наградата над минималните износи утврдени со тарифата, зголемување на наградата како и при плаќање на трошоците согласно со тарифата, адвокатите се должни да состават писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. Адвокатот е должен писмениот договор да го приложи како прилог кон секоја исправа или поднесок на кој не е ставена адвокатска маркичка, доколку плаќањето на наградата е над минималните износи предвидени со тарифата, односно каде што плаќањето се врши преку носител на платен промет.
Исправата или поднесокот составен од адвокат кој не содржи адвокатска маркичка, содржи адвокатска маркичка во помал износ од оној што е определен со тарифата или не содржи писмен договор во прилог, се сметаат за неуредни и треба да бидат отфрлени од страна на примателот.
Неупотребените адвокатски маркички адвокатот може да ги искористи  во наредните даночни периоди.

Адвокати кои користат ослободување од персоналниот данок на доход
За адвокатите кои користат ослободување од персоналниот данок на доход во времетраење од 3 години согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, во примена ќе бидат Адвокатски маркички ослободување.

Издавање на адвокатски маркички
Адвокатските маркички се издаваат врз основа на Пријава за адвокатски маркички (образец “П-АМ), која се поднесува во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечје за наредното  тримесечје до Управата за јавни приходи. Пријавата може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/134
Подигањето на адвокатските маркички се врши со
Барање за издавање на адвокатски маркички  (образец “Б-АМ),  кое се поднесува во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечје за пријавените количини до Управата за јавни приходи. Барањето може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/135
Со Барањето
, адвокатот доставува и доказ за извршена уплата на аконтација на персоналниот данок на доход во износ од 10% од вредноста на бараните адвокатски маркички, како и доказ за платените трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички.
Адвокатите кои употребуваат адвокатски маркички ослободување при подигање на истите имаат обврска да достават само доказ за платени  трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички.

> > >
 
ДО МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РМ Испечати Е-пошта
Почитуван Г-дин Ставрески

По барање на голем број адвокати, упатените критики и бурни реакции до Адвокатската комора на Република Македонија, проследени со изразено незадоволство и револт од страна на членовите на комората, како и големиот број на доставени предлози со барања за прекин на работа, Адвокатската комора на Република Македонија на ден 27.12.2012 година, закажа и одржа ИТНА Вонредна седница на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија во проширен состав со учество на Претседателите на Адвокатските заедници.

На одржаната седница, Адвокатската комора на Република Македонија донесе Заклучок со кој се бара Министерството за фининсии на Република Македонија да изготви измена на Законот за адвокатски маркички (Службен весник на Република Македонија, број 84/2012), од причина што во Законот за адвокатски маркички постојат голем број на неправилности, неусогласености со другите законски прописи, неизвршени промени на други законски одредби, како и недонесени други подзаконски акти што го прави овој закон неприменлив, без никакво упатство за постапување на адвокатите, а пред се имајќи го во предвид краткиот рок до започнувањето со примената на адвокатските маркички од 01.01.2013 година, или да се пристапи кон изработка на нов Закон за регистрирање на готовински плаќања.
> > >
 
И Н И Ц И Ј А Т И В А ЗА ПОВЕДУВАЊЕ постапка за оценување на уставноста на Законот за адвокатски маркички Испечати Е-пошта

 ИНИЦИЈАТИВА

ЗА ПОВЕДУВАЊЕ постапка за оценување на уставноста на Законот за адвокатски маркички (,,Службен весник на Република Македонија,, број 84/2012), во целина, и посебно членовите 1, 2, 3, 4, 6, 7, 9, 11, 12, 13 и 14
1.- Според член 1 од Законот за адвокатски маркички, со овој закон се уредува воведување и користење на адвокатски маркички од страна на адвокатските поединци. Согласно член 2 став 1 од наведениот Закон, адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите поединци ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите. Според член 7 став 1 од Законот, адвокатот е должен адвокатската маркичка да ја приложи кон секоја исправа или поднесок за кој согласно со тарифата е предвидена награда која гласи на износите од членот 2 став 1 од овој Закон.

 

 И Н И Ц И Ј А Т И В А ЗА ПОВЕДУВАЊЕ постапка за оценување на уставноста на Законот за адвокатски маркички (pdf)

 
ДО МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РМ Испечати Е-пошта
Иако знаеме дека сте презафатен во овој период, Адвокатската комора на Република Македонија повторно се обраќа до Вас со цел разјаснување на проблемите со кои се соочуваат адвокатите и адвокатските друштва со примената на Законот за адвокатски маркички, кој закон стапува во сила од 01.01.2013 година.

За жал, и покрај донесувањето на Правилникот за формата и содржината, вредноста, начинот на издавање, подигање, повлекување од употреба, како и формата и содржината на евиденцијата за употребените адвокатски маркички (Службен весник бр.153/12 од 06 декември 2012 година), како што веќе истакнавме постојат голем број на нејаснотии кои создаваат тотална конфузија и револт кај членството на Адвокатската комора на РМ.

Адвокатите, Адвокатските друштва и Адвокатските заедници во Република Македонија реагираат исклучително бурно до Адвокатската комора на РМ со барања за прекин на работа, особено истакнувајќи го погрешниот концепт на Законот за адвокатски маркички, фактот што нема упатство за примена на адвокатските маркички од страна на адвокатите, кое остава можност за различни толкувања на Законот и Правилникот, додека пак од друга страна адвокатите се соочени со високи казни предвидени со Законот за адвокатски маркички.

Имајќи ги во предвид реакциите од своето членство, Адвокатската комора на Република Македонија се приклучи кон иницијативите на поголем број на адвокати и поднесе до Уставниот суд на Република Македонија Иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за адвокатски маркички (Службен весник на РМ бр.84/2012) во целина, и посебно членовите 1, 2, 3, 4, 6, 7, 9, 11, 12, 13, 14), која Ви ја доставуваме во прилог.
> > >
 
ИНФОРМАЦИЈА ВО ОДНОС НА ПРИМЕНАТА НА АДВОКАТСКИТЕ МАРКИЧКИ Испечати Е-пошта
Имајќи ја во предвид специфичноста на адвокатската професија  како уставна категорија која обезбедува правна помош и врши јавни овластувања, Адвокатската комора на Република Македонија вложи огромни напори во решавањето на прашањето со фискализација на адвокатите и нивното изземање од обврската да набават фискален апарат. Ова прашање беше конечно решено со донесувањето на Законот за адвокатски маркички, кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2013 година.

Со Законот за адвокатски маркички, се воведува адвокатската маркичка како инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход, која задолжително ќе се применува од страна на адвокатите поединци во случаите кога наградата за дадената правна помош се наплатува во готово и гласи на минималните износи утврдени до Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Во Службен Весник на РМ бр. 153/12 од 06.12.2012 година беше објавен Правилник за формата и содржината, вредноста, начинот на издавање, подигање, повлекување од употреба, како и формата и содржината на евиденцијата за употребените адвокатски маркички, донесен од страна на Министерството за финансии на РМ .
> > >
 
ВРАЌАЊЕ НА ШИФРАТА НА ДЕЈНОСТ ВО НАЦИОНАЛНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИ Испечати Е-пошта

Со цел конечно решавање на горливото прашање со кое се соочува адвокатурата во Република Македонија и враќањето на шифрата на дејност на адвокатите  во Националната класификација на дејности, претседателот на УО на АКРМ, г-дин Ненад Јаниќевиќ по интензивните вложени напори и остварени средби со релевантните институции, присуствуваше и на состанок на Економскиот совет на Владата на РМ.

На оваа исклучително значајна средба во присуство на повеќе министри, Претседателот на УО г-дин Ненад Јаниќевиќ ги образложи барањата на адвокатурата како и потребата и влијанието на оваа промена, што беше прифатено од страна на Владата на Република Македонија на наше огромно задоволство и сатисфакција за вложените напори. Во прилог интегрално Ви го доставуваме Заклучокот на Владата на РМ со кој Државниот завод за статистика е задолжен да ја отпочне постапката за враќање на Шифрата на дејност.

 
НОВ ЦИКЛУС НА ОБУКИ ЗА НОВИОТ ЗКП ВО СОРАБОТКА СО АМЕРИКАНСКАТА АДВОКАТСКА КОМОРА Испечати Е-пошта

Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора во наредниот период ќе ја продолжат својата успешна соработка, односно ќе продолжат заеднички да организираат обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, со цел колку што е можно поголем број на адвокати да бидат опфатени со обуките и подобро да се подготват за примената на новиот Закон за кривична постапка. Со ова, се разбира, ќе се допринесе и кон целокупната успешна имплементација на новиот Закон за кривична постапка, кога истиот ќе стапи во примена.

Како што сте веќе информирани, обуките ќе ги држат домашни и странски експерти и истите опфаќаат основни судски вештини, со посебен акцент на учење на практичните вештини. Имено, ќе бидат објаснети релевантните делови од новиот Закон за кривична постапка и основните судски вештини. Овие вештини вклучуваат како и кога да се пристапи кон спогодување за вина, што е целта на воведниот говор, односно што претставува и како изгледа директното и вкрстеното испитување. На крајот на обуката ќе бидат доделени сертификати од Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора.

Обуките се отворени за сите заинтересирани адвокати и се бесплатни. Предвидено е на една обука да земат учество најмногу 20 адвокати, со цел на секој учесник да му се даде можност да ја вежба секоја вештина посебно и да биде оценет од страна на експертите. Уште еднаш би сакале да потенцираме дека за време на овие обуки најголем акцент ќе биде ставен на учење на практичните вештини во однос на новите институти од кривичната судска постапка. Обуките ќе се одржуваат во следните термини:

 

> > >
 
ПРОДОЛЖУВААТ ОБУКИТЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ВО СОРАБОТКА СО АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Испечати Е-пошта
Адвокатската комора на Република Македонија со цел континуирана и квалитетна едукација на своите членови и во иднина ја продолжува остварената соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и продолжување со спроведување на Акциониот план за спроведување на Законот за кривична постапка.  Согласно предвидените програми во обуките се опфатени адвокати, јавните обвинители, судии кои работат на сите кривични оддели, како и претставници од Министерството за внатрешни работи кои секојдневно го применуваат Законот за кривична постапка во работата.
> > >
 
ВО ПОДГОТОВКА АДВОКАТСКИ РОКОВНИК ЗА 2013 ГОДИНА Испечати Е-пошта
Со цел ажурирање на комплетните податоци во Именикот на адвокати и Именикот на адвокатски друштва кои се водат во Адвокатската комора на Република Македонија, како и објавување на ажурираните податоци во Роковникот за 2013 година,  Ве молиме во најскоро време да ни доставите точни податоци за седиште на адвокатска канцеларија,  телефонските броеви за контакт и е-маил адреси.  

Ве молиме сите кои имате промена во наведените податоци, измените да ги доставите писмено до АКРМ, најдоцна до 10 октомври 2012 година, на факс бр. 02/ 3165-409 и 02/3212-452 или на е-маил. Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .  Ве молиме да имате во предвид дека по овој датум, Адвокатскиот роковник ќе биде предаден на печатење, па согласно наведеното измени на податоците во Адвокатскиот роковник по наведнииот датум нема да бидат можни.
 
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ Испечати Е-пошта

Традицијата која спонтано започна уште во 2006 година со одржувањето на првите Адвокатски спортски игри, и натаму продолжува истакнувајќи  го спортскиот дух и заедништвото на адвокатите. Како што веќе Ве информиравме, на спортските игри ќе бидат опфатени следните дисциплини :  кошарка, фудбал, пинг-понг, шах, пикадо и влечење јаже.

          Спортските игри ќе се одржат во х. Истатов, Нов Дојран, на 5 - 6 Октомври 2012 година, а согласно покажаниот интерес  може да продолжат до 7 Октомври 2012 година.

          Сите заитересирани колеги кои сакаат да земат учество на оваа спортска манифестација навремено да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на телефоните 02 / 3165 409 или на  02 / 3212 452 или на е-маил.  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , како би можле навремено да Ви се достават фактурите за котизација за спортските игри  во висина од 2.000,00 денари, односно 4.000,00 денари доколку игрите траат до 7-ми Октомври 2012 година.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 11 - 20 од 37
Advertisement

Прирачник за примена на мерката притвор

Прирачник за примена на мерката притвор

info