Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна arrow Новости
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Новости
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЛИСТА НА ДЕЖУРНИ АДВОКАТИ Испечати Е-пошта
Со цел да се запази правичноста на постапката на лицата задржани во полициските станици и нивното право да се консултираат со адвокат, во согласност со член 161 ст. (1) од Законот за кривчна постапка (Службен весник на Р.М бр. 150 од 18. 11. 2010 год), Адвокатската комора на Република Македонија има обврска да состави Листа на дежурни адвокати кои што ќе можат да ги посетат задржаните лица во време од  20, 00 часот  навечер до 8,00 часот наутро.
> > >
 
ИНФОРМАЦИЈА ВО ОДНОС НА ЗАКОНОТ ЗА АДВОКАТСКА МАРКИЧКА Испечати Е-пошта

Имајќи ја во предвид специфичноста на адвокатската професија  како уставна категорија која обезбедува правна помош и врши јавни овластувања, Адвокатската комора на Република Македонија вложи огромни напори во решавањето на прашањето со фискализација на адвокатите и нивното изземање од обврската да набават фискален апарат. По многубројните состаноци со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, ова прашање конечно е решено со донесувањето на Законот за адвокатска маркичка кој е објавен во Службен весник на РМ бр.84 од 04.07.2012 година, а кој Закон ќе започне да се применува од 1 јануари 2012 година.


Досега оданочувањето на адвокатите беше регулирано со Законот за персонален данок на доход. Според наведениот закон, покрај останатите приходи, под приходи од самостојна дејност се сметаа и приходите од адвокатска дејност. Основа на данокот на доход е нето приходот кој се утврдува во даночниот баланс, како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник.

Со Законот за регистрирање на готовинските плаќања е пропишано сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањата не се извршуваат по банкарски пат, задолжително да воведат и користат фискален апарат.

> > >
 
ЗБРАТИМУВАЊЕ НА АДВОКАТСКА ЗАЕДНИЦА ВЕЛЕС И ОСНОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА АДВОКАТИ НА ПАНЧЕВО Испечати Е-пошта
bratimuvanje.jpgСо цел воспоставување на уште потесна меѓусебна соработка на адвокатите од два града, од две земји, а по иницијатива на Адвокатската комора на Република Македонија, се збратимија Основната организација на адвокати на Панчево и Адвокатската заедница Велес.

За време на посетата на делегацијата од Панчево на АЗ Велес, претседателот на Адвокатската заедница Велес, адвокат Коста Нојков, и претседателот на Основна организација на адвокати на Панчево, адвокат Слободан Реза на ден 11 Мај 2012 година потпишаа Меморандум за соработка, чија основна цел е интензивирање на меѓусебната соработка и размена на искуства помеѓу двете организации.

Делегацијата од Панчево оствари повеќе средби при нивната посета на Велес, и тоа средба со г-дин Јордан Лазаров, претседател на Основниот суд Велес, средба со г-ѓа Славица Темелковски, Јавен Обвинител, а беа примени и од Градоначалникот на Град Велес, г-дин Горан Петров.

Делегацијата на адвокати од Основната организација на адвокати од Панчево беше примена и од страна на г-дин Ненад Јаниќевиќ, претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора

на Република Македонија, а во следните денови присуствуваше на Деновите на Македонската адвокатура, настан кој се одржа во Скопје во периодот од 11 - 13 мај 2012 година. Во рамките на оваа свеченост учествуваа и на 57-то Годишно Собрание на Адвокатската комора на Република Македонија, заедно со делегации од повеќе од 20 земји ширум светот.
 
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АДВОКАТСКА КОМОРА НА РМ И СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ Испечати Е-пошта

memorandum.jpgАдвокатската комора на Република Македонија и Јавното претпријатие Службен Весник на Р.М. во изминатиот период остварија повеќе контакти и средби со цел воспоставување на потесна взаемна соработка во интерес на збогатување на вземната идна комуникација, особено во интерес на полесно и поефикасно работење на адвокатите.


Остварените взаемни контакти резултираа со потпишување на меѓусебен договор за соработка помеѓу Адвокатска комора на РМ и ЈП Службен Весник на РМ. Со овој меморандум договорните страни ќе соработуваат во областа на работите поврзани со издавачката дејност на ЈП Службен весник на РМ, односно презентација на производите и услугите на претпријатието - изданијата во печатена и електронска форма пред адвокатите во Република Македонија.


Со цел континуирано и навремено запознавање на адвокатите со прописите донесени од надлежните органи и институции, а кои прописи се објавуваат во Службен весник на РМ, за членовите на Адвокатска комора на Република Македонија се овозможуваат специјални услуги и специјална понуда за претплата на електронската верзија на базата на прописи на Службен весник на Република Македонија.

 
57-то ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Испечати Е-пошта


sobranieАдвокатската комора на Република Македонија на ден 12 мај 2012 година во Свечениот амфитеатар на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје го одржа своето 57-о Годишно собрание. При свеченото отварање на Годишното Собрание учество зема Проф. Др. Светомир Шкариќ со излагање на тема Адвокатурата и адвокатите од Средниот век (поуки за Македонската адвокатура во 21-от век).


Собранието се одржа во присуство на голем број на гости, меѓу кои и видни личности од правосудството, и тоа г-дин Бранко Наумовски, Претседател на Устаниот суд на Република Македонија, г-дин Николчо Николовски, Претседател на Здружение на судии на РМ, г-дин Момир Маричи, член на Совет на јавни обвинители, г-дин Даниел Линхардт, Програм менаџер на Американската Адвокатска комора, г-дин Паскал Галет, Аташе за регионална соработка во Амбасадата на Франција во РМ, г-ѓа Весна Дончева, член на Управен одбор на Нотарска комора на РМ, Проф. Др. Гордана Бужаровска, Правен Факултет Јустинијан Први, Проф.Др. Злат Миловановиќ, Професор на Американскиот колеџ, г-дин Тони Трајанов, Директор на Службен Весник на РМ и други кои ги истакнаа истакна улогата на адвокатите во едно демократско општество, како и одличната соработка со Адвокатската комора на Република Македонија.


> > >
 
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ФИСКАЛИЗАЦИЈА НА АДВОКАТИТЕ Испечати Е-пошта

Согласно надлежностите на Министерството за правда, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, извршена е фискализација на нотарите и извршителите.

Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.

> > >
 
ЗАКОН ЗА АДВОКАТСКА МАРКИЧКА Испечати Е-пошта
Согласно заклучокот донесен на седница на Владата на РМ, како одговор на едно од барањата на адвокатите, Министерството за финансии во соработка со Министерството за правда е задолжено во рок од 30 дена да изготви Закон за адвокатска маркичка.

Со воведување на адвокатската маркичка ќе се реши прашањето на фискализација на адвокатите, како и прашањето за персонален данок.

Со цел да придонесе за поквалитетна содржина на Законот за адвокатска маркичка АКРМ веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска маркичка, која ја достави до УЈП и до Министерството за финансии. АКРМ има одлична соработка со УЈП и директорот Г-дин Горан Трајковски, и со свои претставници во мешовитата комисија работи на изготвување на законот.

Врз основа на работниот текст на Законот за адвокатска маркичка изготвен од страна на АКРМ, Министерството за финансии веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска макркичка, кој беше доставен до сите претседатели на адвокатските заедници во Република Македонија, со покана до сите членови на Адвокатската комора на РМ да достават до АКРМ свои предлози и мислења за оваа работна верзија на Законот, изработена од страна на Министерството на финансии.
 
АДВОКАТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ НА ЕДНА ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА Испечати Е-пошта

По интензивните преговори со претставници на Владата на Република Македонија како и претставници на надлежните министерства, при кои АКРМ инсистираше на изземање на адвокатите од плаќањето на придонеси на основица утврдена на износ од две просечни бруто плати, поради коализија на член 14 и член 4 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со член 53 од Уставот на Република Македонија и член 2 од Законот за адвокатура, според кои адвокатите даваат правна помош, а не услуги, Владата на Република Македонија донесе одлука за измена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со која, минимална основица за плаќање на придонесите е утврдена на износ од една просечна плата. Истата измена е доставена до Собранието на РМ и ќе биде на дневниот ред на првите седници после изборите.

Адвокатската комора на Република Македонија ја поздравува ваквата одлука на Владата на РМ, која веднаш одговори на барањата на адвокатите.

 
ОБУКИ ПО МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА ЗА АДВОКАТИ Испечати Е-пошта

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2009. година организира обуки по малолетничка правда за адвокати. Обуките се поддржани од Адвокатската комора на Република Македонија и се во согласност со одредбите на новиот Закон за малолетничка правда.

Обуките содржат предавања од домашни и странски експерти и се состојат од дводневен основен и дводневен напреден курс. На напредниот курс можат да учествуваат само оние кандидати кои го поминале основниот курс.   

Обуките се бесплатни.

Со завршената обука добивате сертификат од ОБСЕ и Адвокатската Комора и се стекнувате со право да застапувате малолетници во согласност со Законот, како и право на учество на наредни обуки. Само адвокатите кои ќе поминат соодветна обука имаат право да застапуваат малолетници.

Право на учество имаат сите адвокати кои ќе се пријават на:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или на телефоните: 02 / 3165 409 ; 02 / 3212 452.

Пријавувањето трае до 10. мај 2009.
Бројот на местата е ограничен.
Изборот на учесници ќе се врши по принципот „прв пријавен – прв услужен“.

 
ИЗУЧУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА АДВОКАТИ Испечати Е-пошта
Адвокатската комора на Република Македонија со цел натамошно успешно реализирање на својата Програма за континуирана едукација на адвокатите, а имајќи ја во предвид се поголемата потреба од познавање на странски јазик во секојдневното работење на адвокатите, донесе Одлука за овозможување на учење на странски јазици на адвокатите. Со Одлуката е предвидено изучување на англиски и француски јазик.

Согласно истата, претседателите на сите Адвокатски заедници беа задолжени да соберат по 3 понуди од Центрите за странски јазици, по што би се направил соодветен избор на понуда која е најповолна и нуди најдобри услови за адвокатите. За таа цел сите заитересирани адвокати кои би сакале да изучуваат странски јазик, потребно е задолжително да се пријават кај претседателите на Адвокатските заедници или во Адвокатска комора на Република Македонија на тел. 02 / 3212 452 или 02 / 3165 409

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 21 - 30 од 37
Advertisement

Прирачник за примена на мерката притвор

Прирачник за примена на мерката притвор

info