Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ФИСКАЛИЗАЦИЈА НА АДВОКАТИТЕ Испечати Е-пошта

Согласно надлежностите на Министерството за правда, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, извршена е фискализација на нотарите и извршителите.

Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.

Во декември минатата година Адвокатската комора на Република Македонија со допис се обрати до Претседателот на Владата на Република Македонија во кој се наведуваат проблемите на адвокатите поради тоа што не е донесен Законот за адвокатска маркичка.

Исто така, во дописот на Адвокатската комора се наведува дека со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, основицата за пресметка на придонесите за адвокатите е утврдена во износ од две просечни плати во Република Македонија.

Со донесувањето на законот за адвокатска маркичка би се надминал и овој проблем, со оглед дека во него би биле утврдени основиците за даночно оданочување, со што би се избегнала одредбата од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување каде што основицата за пресметка на придонесите за адвокатите е утврдена во износ од две просечни плати во Република Македонија.

Како што се укажува во дописот од Адвокатската комора на Република Македонија, поради недонесувањето на законот за адвокатска маркичка, адвокатите се соочуваат со бројни проблеми во нивното функционирање.

Проектот за изготвување на Закон за адвокатска маркичка бил започнат во Министерството за финансии и истиот од Адвокатската комора и од адвокатите бил широко поддржан, затоа што со донесувањето на овој закон би се обезбедила фер наплата на даноците од страна на адвокатите. Но по започнувањето на изготвувањето на зконот, од Министерството за финансии овие активности се прекинати.

Исто така, во дописот од Адвокатската комора се наведува дека во новата Национална класификација на дејности е укината посебната шифра на дејности на адвокатите 74.11/1 - адвокатски работи. Министерството за правда со допис се обрати до Државниот завод за статистика со барање во Националната класификација на дејности да се врати шифра на дејности на адвокатите 74.11/1 - адвокатски работи.

Имајќи го предвид наведеното, Министерството за правда и предлага на Владата на Република Македонија да ја разгледа Информацијата во врска со фискализацијата на адвокатите и да ги усвои следниве заклучоци:

ЗАКЛУЧОЦИ

  1. Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со фискализацијата на адвокатите;
  2. Се задолжува Министерството за финансии да го изготви и во најкраток можен рок до Владата на Република Македонија да го достави Предлогот на закон за адвокатска маркичка; и
  3. Се задолжува Државниот завод за статистика во Националната класификација на дејности да ја врати шифрата на дејности на адвокатите 74.11/1 - адвокатски работи

 

 
Следно >
Advertisement