Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
ИЗУЧУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА АДВОКАТИ
Адвокатската комора на Република Македонија со цел натамошно успешно реализирање на својата Програма за континуирана едукација на адвокатите, а имајќи ја во предвид се поголемата потреба од познавање на странски јазик во секојдневното работење на адвокатите, донесе Одлука за овозможување на учење на странски јазици на адвокатите. Со Одлуката е предвидено изучување на англиски и француски јазик.

Согласно истата, претседателите на сите Адвокатски заедници беа задолжени да соберат по 3 понуди од Центрите за странски јазици, по што би се направил соодветен избор на понуда која е најповолна и нуди најдобри услови за адвокатите. За таа цел сите заитересирани адвокати кои би сакале да изучуваат странски јазик, потребно е задолжително да се пријават кај претседателите на Адвокатските заедници или во Адвокатска комора на Република Македонија на тел. 02 / 3212 452 или 02 / 3165 409

 
СЕМИНАР НА ТЕМА ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ

Во континуитет на програмата за континуирана едукација на своите членови, Адвокатската комора на Република Македонија во деновите 7 и 8 декември 2007 година, во просториите на хотел Климетица во Охрид, одржа семинар на тема Закон за спречување на перење пари. Темата на семинарот како и учеството на голем број на експерти привлече големо внимание и предизвика богата дискусија помеѓу присутните учесници.

Семинарот го отвори претседателот на Комисијата за едукација при АКРМ Г-ѓа Дивна Павлоска, која ги поздрави присутните гости и учесници на семинарот. Првиот ден на семинарот со свои излагања земаа учество Г-дин Миодраг Лабовиќ, Директор на Финансиска полиција со излагање на тема “Организиран финансиски криминал” и Г-дин Марјан Поњавиќ, Раководител на Одделение при Дирекцијата за пречување на перење пари, кој направи осврт на “Перењето пари како феномени обврски кои произлегуваат од домашното законодавство”. Вториот ден го отвори Г-дин Драган Тумановски, Претседател на Здружението на судии на Република Македонија со свое излагање на тема “Перење пари - теории, пракса и судски дилеми”, и Г-ѓа Вилма Рускоска, од Специјалното Одделение за спречување на организиран криминал при Јавното Обвинителство на Република Македонија која се осврна на “Практичната примена на Законот за спречување на перење пари во работата на обвинителството и судовите”.

> > >
 
ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ АДВОКАТСКИ КРЕАЦИИ и НОВОГОДИШЕН КОКТЕЛ

ImageНа ден 21 декември 2007 година, петок во просториите на Драмскиот Театар во Скопје, Адвокатската комора на Република Македонија, повторно во духот на една убава традиција, ја одржа манифестацијата Адвокатски креации и новогодишен коктел.

Во присуство на голем број      на гости од дипломатските претставништва во Република Македонија, Владата на РМ, Собранието, Министерството за правда, Министерството за култура, судовите, обвинителството, како и претставници од други институции и организации во државата, манифестацијата свечено ја отвори и ги поздрави сите присутни претседателот на Управниот Одбор на Адвокатска комора на РМ, Г-дин Ненад Јаниќевиќ. Присутните имаа можност да ги слушнат авторите Димитар Аргакиев, адвокат од Скопје и Зоран Петковиќ, адвокат од Скопје, кои се претставија со поезија и проза. 

> > >
 
АДВОКАТИТЕ СО ТОГИ ВО СУДНИЦА

ImageОд вчера адвокатите законски се обврзани да ја носат адвокатската тога. Адвокатите ќе треба задолжително да влегуваат во тога во судница, како во кривичните така и во граѓанските и стопанските спорови.

Вчера пред двата најголеми суда во Македонија - Скопска единица и двојка, на судење адвокатите доаѓаа со тоги. Имаше и такви без униформа, кои како што ни изјавуваа, имале уплатено за неа, но немало соодветно бројче, па чекаат да им се сошие и да се однесе во Адвокатската комора, од каде што тие си ги подигаат.

За разлика од црните тоги кои ги носат судиите на рочишта, адвокатските се со темноцрвена боја. На нив со златен конец е извезен грбот - амблемот на Адвокатската комора на Македонија.

Една тога чини 2.700 денари и адвокатите сами си ги купуваат.

Без униформа на судењата останува само страната што гони - обвинителите. Вчера обвинителите, со кои разговаравме пред суд, негодуваа дека на судењата само тие ќе стрчат во цивилки.

 

> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 5 - 8 од 12
Advertisement