Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
СРЕДБА СО Г-ЃА ХИНА ЏИЛАНИ

Специјален претставник на Генералниот Секретар на ОН

По остварените средби со највисоките државни институции на специјалниот претставник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Г-ѓа Хина Џилани, по вторпат беше остварена средбата со претседателот на Управниот Одбор на АКРМ, Г-дин Ненад Јаниќевиќ, стана збор за состојбата во која се наоѓа адвокатската професија во Република Македонија. Меѓу другото, особено внимание Г-ѓа Џилани посвети на проектот за Бесплатна правна помош кој го спроведува Адвокатската комора на РМ.

Во своите искажувања, претседателот на УО на АКРМ потенцираше дека без здрава адвокатура која во своето делување ќе биде неприкосновена и заштитена од надриписарството, без задолжителна правна помош од страна на адвокатите неможе да стане збор за подигање на нивото на заштита на човековите права што всушност е главната задача и обврска на државава согласно на ратификуваните меѓународни договори, а зајакнатата позиција на адвокатот ќе придонесе и за ефикасноста и независноста на судството.

> > >
 
СЕМИНАР НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ДНК

Адвокатската комора на Република Македонија со цел натамошно успешно реализирање на програмата на континуирана едукација на адвокатите, во деновите 14 и 15 септември 2007 година во хотел ,, Славија Спектар,, во Охрид одржа семинар на тема Адвокатска маркичка и адвокатска тарифа.

Image

Модератор на семинарот за кој постоеше голем интерес беше Г-ѓа Дивна Павлоска, заменик претседател на УО и претседател на Комисијата за едукација при Адвокатска комора на РМ, а присутните учесници како и гостите од Адвокатска комора на Ниш ги поздравија Претседателот на Управниот Одбор  на  АКРМ, Г-дин  Ненад  Јаниќевиќ  и      Проф. Др. Денис Фарингтон, Продекан за за истражување при СЕЕ Универзитетот во Тетово...

> > >
 
АДВОКАТСКИ ТОГИ
Огромен број на колеги ги подигнаа своите адвокатски тоги и истите веќе почнаа да се носат низ судовите во Република Македонија. Адвокатските тоги, кои согласно измените и дополнувањата за Законот за адвокатура претставуваат обврска за сите адвокати, задолжително ќе се носат сметано од 1 ноември 2007 година.

За таа цел, повторно се известуваат сите членови на Адвокатска комора на Република Македонија, дека адвокатските тоги се изготвени и истите веќе се подигнуваат преку Претседателите на Адвокатските Заедници и преку Адвокатската комора на Република Македонија, за адвокатите од Скопје. За подигнување на адвокатските тоги треба да се донесе доказ за извршена уплата на 2.760 денари на следните податоци за уплата:

           МАРИКС Куманово
           Жиро сметка : 240140000315175
           ЕДБ : 4017004150745
           Депонент Банка : Уни Банка

 
НАСКОРО СПОРТСКИ ИГРИ

Адвокатската комора на Република Македонија повторно организира спортски игри кои ќе се одржат во периодот од 9 - 11 ноември 2007 година, во мотел Истатов,  Нов Дојран, со цел продолжување на оваа манифестација и нејзино прераснување во традиција која сите со нетрпение ќе ја очекуваат.

Во моментов е во тек формирање на спортски екипи кои ќе се натпреваруваат во машки дисциплини фудбал, кошарка, пинг понг; и женски дисциплини одбојка, пинг-понг, шах, пикадо, влечење јаже и др. На адвокатските спортски игри е предвидено да земат учество 120 адвокати, односно ќе се формираат 4 екипа согласно припадноста на апелационите подрачја, такашто секоја екипа да брои по 30 учесници.

> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 9 - 12 од 12
Advertisement