Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ), претставувана од претседателот, адвокат Љубомир Михајловски и Здружението на правници на Република Северна Македонија претставувано од претседателот проф. д-р Горан Коевски на ден 23.04.2024 година потпишаа Меморандум за соработка.