Print this page

ИЗВЕСТУВАЊЕ

25 Март 2025

Адвокатската комора на Република Северна Македонија апелира до адвокатите  да се воздржат од било какви коментари кои се базираат на дезинформации и претпоставки кои се изнесени во јавноста, а во врска со трагичниот настан  кој се случи во Кочани.

Со произволните и непрофесионални коментари може да се нанесе штета во постапувањето на адвокатите кои се бранители во постапката, како и на адвокатите кои ќе бидат ангажирани како полномошници на оштетените.

Од овие причини апелираме до сите адвокати да се воздржат од изнесување на дезинформации и да ги почитуваат професионалните стандарди на етика и одговорност.

Со почит,
Адвокатската комора на Република Северна Македонија