Print this page

Отворена канцеларија за адвокатите во Основниот кривичен суд Скопје

01 Октомври 2025

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги известува своите членови дека во Основниот кривичен суд Скопје е отворена канцеларија за адвокатите.

Канцеларијата се наоѓа на четврти кат, соба бр. 416 и е наменета исклучиво за користење од страна на адвокатите.

Со отворањето на оваа канцеларија адвокатите добиваат можност во рамките на судот да направат кратка пауза помеѓу рочишта, да се подготват за рочиште, односно да се олесни секојдневното извршување на адвокатската дејност.

Канцеларијата е достапна секој работен ден во текот на работното време на судот.