Print this page

Адвокатската комора на РМ обезбедува бесплатно користење на софтверот „Адвокато“ за своите членови

29 Август 2016


Адвокатите кои уредно си ја подмириле членарината можат да се регистрираат на софтверот за работење на адвокатските канцеларии и друштва Аdvokato.mk“.

Софтверот овозоможува електронско складирање на целосната адвокатска документација (предмети, рочишта, состаноци, задачи, документи), како и интегриран календар со известувања за сите ваши активности (рочишта, состаноци, задачи) и можност за СМС систем за автоматско потсетување.

Софтверот може да се користи на компјутер, таблет и смартфон со едноставен и лесен кориснички интерфејс.

Имплементацијата на софтверот и едногодишно користење со обезбедена кориснична поддршка, Адвокатската комора на Република Македонија го обезбедува бесплатно за членовите, од финансиските средства на комората.