Print this page

Известување во врска со примопредавањето на конвертираните прилози во Државниот архив од страна на регистрационите агенти

06 Декември 2022
Во врска со примопредавање на конвертирани прилози на Државниот архив од страна на регистрациони агенти ве информираме дека врз основа на член 82 став 4 од Законот за трговските друштва, адвокатите кои се регистрациони агенти, конвертираните прилози (исправи и докази) имаат обрска да ги чуваат 5 години, а потоа ги предаваат во Архивот (во едно од надлежните подрачни одделенија Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово).

 За таа цел, истите се предаваат на Државниот архив на следниот начин:

1. Регистрационите агенти е потребно да изработат попис и опис на конвертираните прилози кој се предава во Државниот архив, Прилог: Образец за попис и опис на конвертирани прилози (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)

2. Регистрационите агенти и претставници на Државниот архив изготвуваат записник за примопредавање на конвертираните прилози во просториите на Државниот архив, Прилог: Образец на записник за примопредавање (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)

Државниот архив е во фаза на обезбедување соодветен простор за чување во депоата, и поради тоа примопредавањето на архивскиот материјал ќе започне да се извршува почнувајќи од 1 април 2023 година.

За подрачјето на Општина Град Скопје, предавање на конвертираните прилози од страна на регистрационите агенти ќе се врши во Државниот архив - Одделение Скопје на Ул.Московска бр.1 Скопје, додека останатите регистрациони агенти треба да вршат предавање на архивскиот материјал во одделенијата на Државниот архив според надлежноста соодветно во следните градови: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Струмица, Охрид, Велес и Штип каде ќе бидат назначени лица за контакт.

Примопредавањето на архивскиот материјал се врши без финансиски надомест.