Print this page
-->

Како да се регистрирате?

Адвокатите кои уредно си ја подмириле членарината можат да се регистрираат на софтверот за работење на адвокатските канцеларии и друштва „Аdvokato.mk“.

Софтверот овозможува електронско складирање на целосната адвокатска документација (предмети, рочишта, состаноци, задачи, документи), како и интегриран календар со известувања за сите ваши активности (рочишта, состаноци, задачи) и можност за СМС систем за автоматско потсетување.

Софтверот може да се користи на компјутер, таблет и смартфон со едноставен и лесен кориснички интерфејс.

Имплементацијата на софтверот и едногодишно користење со обезбедена кориснична поддршка, Адвокатската комора на Република Македонија ги обезбедува бесплатно за членовите, од финансиските средства на комората.