Адвокатска комора на Република Македонија

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ул. „Даме Груев“ 3, 1000, Скопје
тел: +389 2 3165 409
факс:  +389 2 3212 452
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
web: www.mba.org.mk

Почетна
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
ОБУКИ ПО МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА ЗА АДВОКАТИ

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2009. година организира обуки по малолетничка правда за адвокати. Обуките се поддржани од Адвокатската комора на Република Македонија и се во согласност со одредбите на новиот Закон за малолетничка правда.

Обуките содржат предавања од домашни и странски експерти и се состојат од дводневен основен и дводневен напреден курс. На напредниот курс можат да учествуваат само оние кандидати кои го поминале основниот курс.   

Обуките се бесплатни.

Со завршената обука добивате сертификат од ОБСЕ и Адвокатската Комора и се стекнувате со право да застапувате малолетници во согласност со Законот, како и право на учество на наредни обуки. Само адвокатите кои ќе поминат соодветна обука имаат право да застапуваат малолетници.

Право на учество имаат сите адвокати кои ќе се пријават на:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или на телефоните: 02 / 3165 409 ; 02 / 3212 452.

Пријавувањето трае до 10. мај 2009.
Бројот на местата е ограничен.
Изборот на учесници ќе се врши по принципот „прв пријавен – прв услужен“.

 
АДВОКАТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ НА ЕДНА ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА

По интензивните преговори со претставници на Владата на Република Македонија како и претставници на надлежните министерства, при кои АКРМ инсистираше на изземање на адвокатите од плаќањето на придонеси на основица утврдена на износ од две просечни бруто плати, поради коализија на член 14 и член 4 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со член 53 од Уставот на Република Македонија и член 2 од Законот за адвокатура, според кои адвокатите даваат правна помош, а не услуги, Владата на Република Македонија донесе одлука за измена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со која, минимална основица за плаќање на придонесите е утврдена на износ од една просечна плата. Истата измена е доставена до Собранието на РМ и ќе биде на дневниот ред на првите седници после изборите.

Адвокатската комора на Република Македонија ја поздравува ваквата одлука на Владата на РМ, која веднаш одговори на барањата на адвокатите.

 
ЗАКОН ЗА АДВОКАТСКА МАРКИЧКА
Согласно заклучокот донесен на седница на Владата на РМ, како одговор на едно од барањата на адвокатите, Министерството за финансии во соработка со Министерството за правда е задолжено во рок од 30 дена да изготви Закон за адвокатска маркичка.

Со воведување на адвокатската маркичка ќе се реши прашањето на фискализација на адвокатите, како и прашањето за персонален данок.

Со цел да придонесе за поквалитетна содржина на Законот за адвокатска маркичка АКРМ веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска маркичка, која ја достави до УЈП и до Министерството за финансии. АКРМ има одлична соработка со УЈП и директорот Г-дин Горан Трајковски, и со свои претставници во мешовитата комисија работи на изготвување на законот.

Врз основа на работниот текст на Законот за адвокатска маркичка изготвен од страна на АКРМ, Министерството за финансии веќе изготви работна верзија на Законот за адвокатска макркичка, кој беше доставен до сите претседатели на адвокатските заедници во Република Македонија, со покана до сите членови на Адвокатската комора на РМ да достават до АКРМ свои предлози и мислења за оваа работна верзија на Законот, изработена од страна на Министерството на финансии.
 
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ФИСКАЛИЗАЦИЈА НА АДВОКАТИТЕ

Согласно надлежностите на Министерството за правда, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, извршена е фискализација на нотарите и извршителите.

Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.

> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 4 од 12
Advertisement