Print this page

(ФОТО) Прием на нови адвокати во Адвокатска комора на РМ

05 Јули 2016

Дваесет и тројца нови адвокати во рамки на свечена церемонија која се одржа на 1.07.2016 во хотелот „Мериот“, во Скопје,  се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност.


Претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), г. Никола Додевски, на новите адвокати им посака многу успех во работата истовремено порачувајќи им  да го штитат достоинството на адвокатурата, но и на своите лиценци.

„Штитете го достоинството на адвокатурата, но и на своите лиценци. Адвокатската комора на Република Македонија нема да дозволи злоупотреба на лиценците и нивно изнајмување на одрeдени трговски друштва, нотари и слично.Тие што планираат на овој начин да „работат“ нема да станат дел од македонската адвокатура, а тие што станале  и ја злоупотребуваат лиценцата нема да останат во неа...“, истакна претседателот на АКРМ, г. Додевски

Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека во сите свои постапки ќе внимаваат на угледот на адвокатурата како јавна служба.

 

Галерија