Print this page

10 ГОДИНИ ОД ПОСТОEЊEТО НА АКAДEМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ „ПАВЕЛ ШАТЕВ“: Плакета за долгогодишна успешна соработка и поддршка доделена на претседателот на Адвокатската комора на РМ, г-дин Никола Додевски

25 Ноември 2016

Директорката на Академијата за судии јавни обвинители „Павел Шатев“, г-ѓа Анета Арнаудовска, му додели плакета за долгогодишна успешна соработка и поддршка на претседателот на Адвокатската комора на РМ, г-дин Никола Додевски, во рамки на свечениот прием по повод десетгодишнината од постоењето на Академијата.


Академијата ја одбележа својата децениска работа под мотото „10 години професионална обука на правосудството“.  На свечениот прием, кој се одржа во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, присуствуваа високи претставници на правосудните институции во земјата, членови на Владата на Република Македонија, претставници на Дипломатскиот кор во Република Македонија, високи претставници на релевантни домашни и странски институции, како и претставници на Невладиниот сектор.

На присутните со поздравен говор им се обратија: директорот на Академијата, г-ѓа Анета Арнаудовска, претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, г-дин Никола Додевски, заменик министерот за правда на Република Македонија, г-ѓа Билјана Бришкоска Бошковски, претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, г-дин Зоран Караџовски, јавниот обвинител на Република Македонија, г-дин Марко Зврлевски, претседателот на Советот на јавните обвинители, г-дин Петар Аневски,  како и генералниот секретар на Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН, г-дин Војчех Постулски.