Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Спогодување за кривична санкција/Признание на вина/Забрзани постапки“ во Битола

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советувањa на тема „Спогодување за кривична санкција/Признание на вина/Забрзани постапки“ што ќе се одржи на 8 јуни во Апелациониот суд Битола.

Советувањето е наменето за адвокати, судии од кривичните оддели и стручни соработници од Апелационото подрачје Битола.

Предавач на советувањето ќе биде г-ѓа Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организран криминал и корупција.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

  • Датум на настанот: Среда, 08 Јуни 2016
  • Локација: Апелационен суд Битола