Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спогодување за кривична санкција/Признание на вина/Забрзани постапки“ кое ќе се одржи на 16 мај (понеделник) во Основниот суд Гостивар.
Советувањето е наменето за адвокати, судии од кривичните оддели и стручни соработници од Апелационото подрачје Гостивар.
На советувањето свое излагање ќе имаат г-ѓа Спасенка Андонова и г-ѓа Маја Коневска, јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организран криминал и корупција и г-дин Дељо Кадиев, адвокат од Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..