Print this page
-->

Пријавете се на советување: „Потрошувачко право согледано преку Законот за заштита на потрошувачите и поврзаноста со другите закони“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Потрошувачко право согледано преку Законот за заштита на потрошувачите и поврзаноста со другите закони“ што е предвидено да се одржи на 3 февруари 2017 година во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии  и стручни соработници, адвокати и претставници од Министерството за правда.

На советувањето свое излагање ќе имаат проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Атанасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје и м-р Маријана Лончар-Велкова, Организација на потрошувачи на РМ. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..