Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СО ВЕТУВАЊЕ: Примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година, организира советување на тема „Примена на Законот за превенција“ кое ќе се одржи на 9 март 2017 година во просториите на Академијата.

Целта на Советувањето е да бидат разгледани спорните прашања, особено привремените мерки од страна на МВР.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од МВР, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Завод за социјални дејности и Центар за социјални работи. 

Предавачи на советувањето ќе бидат Оља Ристова, судија на Основен суд Скопје 1 и Софија Спасовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..