Print this page
-->

Пријавете се на советување на тема: „Спорни прашања во врска со доставата во парничната постапка, со посебен осврт на електронската достава со скенирани поднесоци“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спорни прашања во врска со доставата во парничната постапка, со посебен осврт на електронската достава со скенирани поднесоци “.

Советувањето ќе се одржи на 9 мај 2017 година во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда.  

Излагачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Татјана Зороска-Камиловска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и судија Антонета Димовска,  судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.