Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ПРАВНА ДЕБАТА ЗА КОМЕНТАРОТ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира правна дебата за Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација. 

Дебатата е предвидено да се одржи на 10 ноември 2017 година во Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

На дебатата  покрај адвокати, учество ќе земат претставници на Народниот правобранител, на Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за заштита од дискриминација итн.