Print this page
-->

СОВЕТУВАЊЕ: „Вовед во правото на ЕУ и судска соработка во граѓанските и трговските прашања“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) организираат дводневно советување на тема „Вовед во правото на ЕУ и судска соработка во граѓанските и трговските прашања“ што ќе се одржи во период од 17-19 октомври 2018 година (среда-петок) во просториите на Академијата со почеток во 8.45 часот. 

На советувањето свое излагање ќе има г-ѓа Марија Фадула, правен директор во Алтер Домус Луксембург, поранешен адвокат во Генералниот суд на Европската Унија.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Адвокатите мора да имаат уредно подмирена членарина.