На 25 октомври 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на адвокатските вештини во поглед и во врска со прибирањето на доказите и доказните средства во кривичната постапка“.
Овој курс е наменет да се овозможи адвокатите да се стекнат пред се со основните вештини на препознавање на доказите, и разликување на видовите на доказни средства. Да знаат да препознаат на каков начин се прибавени доказите од страна на обвинителството, дали некој доказ е законски прибавен или не, да знаат кога, како и зошто да приговараат, а се со цел да успеат во елиминирање односно издвојување од обвинителниот акт на определен доказ или докази.
Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..