На 21 ноември, 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на адвокатските вештини во поглед на подобрување и развивање на добро пишување на адвокатите“.
Целта на овој курс е да им се презентираат на адвокатите битните елементи во оваа фаза, фазата после првостепената пресуда, односно фазата на правните лекови. Првостепени пресуди, видови и основи за побивање на истите, Кои се роковите за поднесување на жалба или ревизија, под кои основи може да се поднесат и дали да се поднесат.
Овој курс е наменет да се овозможи адвокатите да се стекнат пред се со основните вештини на добро пишување, како и да знаат точно да ги определат и одберат правилно основите за жалба или ревизија.