Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА РАБОТИЛНИЦА: „Трговско право и корпоративно управување во ЕУ“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка поддршка „TAIEX“ организира работилница на тема: „Трговско право и корпоративно управување во ЕУ“, која е предвидено да се одржи во период од 2-3 март 2020 година во хотел во Скопје.

За учесниците кои доаѓаат од надвор од Скопје на далечнина поголема од 100 километри, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 1 и 2 март 2020 година (недела и понеделник) или само на 2 март 2020 година (понеделник) доколку учесникот тоа го побара при пријавување за учество.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество на работилницата задолжително да се пријават на меил - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .