Print this page

Сентенци на Врховниот суд на РМ - август 2016 година

Врховниот суд на Република Македонија на 16.08.2016  ги донесе и ги објави следниве сентенци: „Пасивна легитимација на Република Македонија“, по правен основ надомест на штета за зголемена вредност на земјиште вратено со денационализација и надомест на штета од осигурување, и „Сопственик на возило (активна легитимација)“ по правен основ надомест на штета од осигурување, „Дозволеност на ревизија“ по правен основ примена на ЗПП, „Неовластено соопштување на деловна тајна“ по правен основ повреда на работен ред и дисциплина и „Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ по правен основ престанок на работен однос.