Print this page

(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во јунска сесија 2024 година

08 Јули 2024

Дваесет и осум кандидати за адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во сесијата Јуни 2024 година.
 
 

Новите адвокати дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех од името на Комората и им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.
 
 


Галерија