(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во септемвриска сесија 2022 година

03 Октомври 2022
Дваесет и пет кандидати за адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во септемвриската сесија 2022 година.

Новите адвокати дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.



Новите адвокати дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.


„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.



Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, г. Љубомир Михајловски, на новите адвокати им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.

„Во адвокатската фела ќе сретнете разни колеги, за жал во текот на работењето има колеги кои ги забораваат овие работи, но моите зборови сфатете ги како совети и желби за успех, ваш и на Комората во целост. Почитувајте се и помагајте си еден на друг. Адвокатурата е борба во која еден губи сигурно. Во судница сте противници, но надвор сме колеги и пријатели. Бидете гордост на македонската адвокатура, како млади луѓе внесете нови погледи и напредок на адвокатурата.“, порача тој.



Претседателот Михајловски изрази надеж дека новите генерации адвокати ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата.

„Ќе има денови на среќа и успех, радувајте се на нив, делете ја среќата со вашите најблиски кои денес се со вас“, истакна Михајловски и им посака успех во работата на нвите адвокати.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме