(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во сесијата март 2023 година

27 Март 2023
Дваесет кандидати за адвокати се упишаа во Именикот на адвокати при Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) и се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во мартовската сесија 2023 година.



Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, г. Љубомир Михајловски, на новите адвокати им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, лојални  на правдата и на Комората, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.


Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме