
Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, г. Љубомир Михајловски, на новите адвокати им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, лојални на правдата и на Комората, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.