Поддржана од заедничката програма на Европска унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟ и во соработка со Адвокатската комора, учесниците се обучуваа за соодветни познавања и алатки, со цел да бидат обучувачи за бесплатна правна помош во иднина. Препознавајќи ја инструменталната улога на адвокатите како даватели на секундарна правна помош, програмата го нагласува нивното круцијално влијание врз системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.

Важноста на идните обучувачи за Адвокатската комора и за целокупниот систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија како двигатели на промени за подобро спроведување на законот за бесплатна правна помош и заштита на правата на граѓаните, беа нагласени во воведното обраќање на Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора и од Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје.
