ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ВЕБИНАР: Намалување и спречување на грешки кај системите со вештачка интелигенција
Настанот се реализира во рамки на проектот „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.
Датум: 24.03.2026
Време: 11:00 – 13:00 часот
Регистрација: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ВЕБИНАР – Prefilled form
УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО.
Пријавувањето е задолжително и трае до 20.03.2026 (петок).
Предавачи:
- проф. д-р Димитар Трајанов, ФИНКИ
- адвокат Јован Најденовски, Адвокатска канцеларија Најденовски
Вебинарот е посветен на едно од најактуелните прашања во примената на вештачката интелигенција: како се спречуваат, намалуваат и правно адресираат грешките на ВИ системите.
Настанот ќе понуди две комплементарни перспективи. Од технички аспект, ќе се објасни зошто ВИ системите грешат, кои се најчестите извори на неуспех и кои механизми постојат за нивно намалување. Од правен аспект, ќе се отвори прашањето за одговорноста, правната сигурност, заштитата на правата и обврските на организациите што развиваат или користат ВИ.
Целта е да се изгради заедничко разбирање меѓу техничката и правната заедница за тоа како ВИ да се користи одговорно, безбедно и под човечки надзор.
На учесниците на вебинарот ќе им биде издаден сертификат за учество од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.