Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), организира советување на тема:
„Граѓанско-правна одговорност на адвокати, нотари и извршители“
Советувањето ќе се одржи на 30 септември 2026 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – ламела 1.
Настанот е наменет за адвокати, судии, нотари и извршители, како и за стручни соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат Катерина Георгиевска, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и германски експерт ангажиран од страна на IRZ.
Програмата според која ќе се реализира советувањето ќе биде доставена дополнително.
Се повикуваат заинтересираните адвокати да го пријават своето учество на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15.09.2026 година со наведување на име и презиме и контакт-податоци.