Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна научна конференција на тема:
„Кога вештачката интелигенција ги изневерува правото и правдата: човекови права, конституционализам и демократска отчетност во алгоритамската ера“
(When AI Betrays Law and Justice: Human Rights, Constitutionalism and Democratic Accountability in the Algorithmic Age)
Конференцијата ќе се одржи на 16 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел „Панорамика“ во Скопје.
Во рамките на конференцијата, меѓународни и домашни експерти ќе дискутираат за влијанието на вештачката интелигенција врз човековите права, владеењето на правото, уставното и демократското управување, пристапот до правда и пазарот на трудот. Ќе бидат презентирани и резултати од емпириско истражување за примената на вештачката интелигенција во Северна Македонија, со осврт на перцепциите на јавноста, корпоративните практики и институционалната подготвеност.
Конференцијата се организира во рамките на истражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.
Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.
Пријавувањето е најдоцна до 14 септември 2026 година, преку следниот линк:
Формулар за пријавување
Поканата и деталната програма за конференцијата се достапни во прилог.