Print this page

Семинар во Гевгелија за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната


Адвокатската комора на Македонија во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ)...Адвокатската комора на Македонија во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), денеска и утре во хотелот „Рамада Плаза“ во Гевгелија одржува семинар за обука на адвокатите за примена на новиот Закон за одмерување и одредување на казните. ­

„Без оглед колку ние ги сакаме или не ги сакаме овие прописи, должни сме да ги спроведеме како што треба во интерес на одбраната и бранителите да се затапуваат во постапките во нивен интерес, рече претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски, кој додаде дека токму на темата, семинарите ќе бидат збогатени и со практични примери и обуки.

 Додевски нагласи дека ова е втора обука во рамки на едногодишниот проект низ кој ќе се едуцираат повеќе од 400 адвокати од целата земја. Овие два дена обуката во Гевгелија ќе ја следат 40 адвокати од југоисточниот и источниот регион на Македонија,а првата се одржа во Скопје и беше наменета за обука на адвокатите за примена на новиот Закон за кривична постапка.

 

Извор: МИА / Објавено: 21.11.2016